11.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

СДСМ: Да престане кражбата на граѓаните и веднаш да добијат исплатлив градски превоз

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денес излезе со соопштение по повод за новиот наплатен систем во Јавниот Сообраќаен Превос на Град Скопје. Тие бараат да престане кражбата на граѓаните и да се добие достапен и исплатлив градски превоз.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Укажуваме веднаш да престане кражбата и малтретирањето на граѓаните преку јавниот градски превоз во Скопје! Град Скопје и ЈСП Скопје веднаш да го средат проблемот што им го создадоа на скопјани со градскиот превоз!

Додека Никола Груевски се вози со мерцедес од 600.000 евра, а неговите соработници дивеат во службени лимузини и дење и ноќе, загрозено е правото на граѓаните на редовен и достапен јавен градски превоз.

Криминалната локална власт во Скопје, продолжена рака на криминалната централна власт, свесно ги стави граѓаните во зголемени и непотребни трошоци со електронските картички, очигледно за сомнителни бизнис интереси преку фантомската фирма, за што порачуваме дека ќе има одговорност!

-Граѓаните не се навреме информирани за своите права и обврски околу употребата на електронските картички.
-Не знаат која картичка е најисплатлива за нивните потреби.
-Во билетарниците и автобусите, поради гужвите, вработените немаат можност да ги сослушаат граѓаните и тие се принидени да платат најмалку 150 денари за картичка без да знаат дали им е потребна и кои им се другите поисплатливи опции.
-Воведените апсурдни рокови до кога треба да се потроши сумата на картичката, што е право на граѓаните кои ја платиле, дополнително ги збунува граѓаните. Им истекуваат платени картички, а треба да плаќаат за нови надополнувања!
-Нервозни не се само оштетените граѓани, туку и возачите на автобусите кои не знаат дали попрво да возат, или да се објаснуваат со патниците, или да издаваат фискални сметки.
-Нервозни се и вработените во билетарниците кои наидуваат на гнев од немоќните граѓани да си обезбедат превоз, затоа што мораат да пешачат и да бараат пунктови за продажба на електронски картички. А и кога ќе најдат, често наидуваат на одговор дека картички нема.
-Дополнителен хаос и трошок се возењата со ноќните линии на градскиот превоз, бидејќи за нив не важеле месечните картички, па граѓаните требало да вадат дополнителна картичка за ноќни линии.
-Има и укинати автобуски линии, или распределени меѓу ЈСП и приватните превозници што отиде исто така на штета на граѓаните. Ако претхдно автобус имало на 5 -6 минути, сега граѓаните неинформирани чекаат на студот и по 15 – 20 минути.

Поради неодговрните и несовесни политики граѓаните рекоа НЕ на Коце Трајановски и на Никола Груевски на изборите и избраа промени и неопходно е што побрзо промените да бидат преточени во институциите на системот.

Порачуваме дека ќе има одговорност за сите злоупотреби и малтретирања на граѓаните за лични бизнис интереси на фунционерите во заминување“

поврзани објави

Последни објави