4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Изгласан референдумот за 30. Септември, еве како гласаа пратениците

Собранието на Република Македонија со   68 гласови „за“ и без „против“ и „воздржан“  попладнево донесе одлука на 30 септември 2018 да се одржи референдум за името кој ќе биде консултативен.

Референдумското прашање ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

На гласањето не учествуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои излегоа од собраниската сала откако нивниот пратеник Никола Мицевски го изнесе партискиот став дека референдумското прашање  е непрецизно, повеќезначно и манипулативно за јавноста. Со тоа што е консултативен референдумот, рече тој, се отвора можност резултатот да се толкува како што се сака.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе два амандмана на Предлог одлуката за распишување референдум, но не присуствуваа кога беа ставени на дневен ред и беа одбиени на гласањето.

Одлуката за распишување  на референдумот беше изгласана со мнозинство од вкупниот број пратеници.

поврзани објави

Последни објави