7.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Бугарите со нови мерки, сакаат уште повеќе да го скратат времето за добивање пасош

Минатата година во септември, Бугарскиот заменик премиер Валери Симеонов за време на тркалезната маса на тема „Демографски политика и трудова мобилност”, изјави дека во моментот дури 53 000 апликации со соодветните приложени документи на 53 000 граѓани на Македонија не можат да станат бугарски државјани, поради одредени недостатоци во законодавната база.

Симеонов истакна дека една од целите на бугарската влада е скратувањето на рокот за добивање на бугарско државјанство до 6 месеци.

„Нашата цел е да го скратиме рокот за добивање бугарско државјанство при целосно исправни документи за 6 месеци. Тоа е нормален период, како од овие 6 месеци – 4 месеци и 17 дена ќе бидат процедурите што се вршат во рамките на извршната власт и останатото време ќе биде, за да може потпретседателот да го потпише соодветниот указ на лицето што треба да добие бугарско државјанство. Нашата работа продолжува, имаме некои проблеми поврзани со несовршеноста на законите „, рече Симеонов.

Заменик претседателот на бугарската Влада и се заблагодари на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, која исто така се ангажирала во дискусијата за изнаоѓање на решение за прашањето за олеснување на режимот за добивање од бугарско државјанство.

Ситуацијата е драстично променета со стапувањето на должност на Претседателот Радев. Од почетокот на мандатот на претседателот Румен Радев, кој почна во јануари годинава, 1.184 Македонци добиле бугарско државјанство.

Од Бугарија стигна ветување дека во иднина дека ќе се олесни режимот за стекнување бугарско државјанство.

„Ви ветувам дека во најскоро време ќе се олесни процедурата за добивање бугарско државјанство“, велат од таму, пишува порталот Скај.

поврзани објави

Последни објави