6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Османи: За нас е важна платформата, судбината на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не е од наша важност

Категорично ги отфрлам сите шпекулации дека има одредени преференции. Али Ахмети има статутарно право и сам да одлучува за понатамошните чекори, меѓутоа негова цел е да го слушне мислењето на сите членови на претседателството, во однос на сите опции што тој ги има ставено на маса за да ја донесе најдобрата и најздравата одлука, рече портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Тој вели дека за нив не е важна политичката судбина ниту на ВМРО-ДПМНЕ ниту на СДСМ, туку платформата и договорот кој го потпишале со албанците.

-Се работи за принципиелна дебата на членовите на претседателството, рационална дебата во која се разгледуваат сите опции. За нас пред се е важна платформата и ни е битен начинот на кој тој договор ќе го реализираме. Останува во текот на денот да преминеме од дебата на поконкретни предлози за што ќе бидете навремено информирани, рече Османи.

поврзани објави

Последни објави