Медиумите од регионот на големо пишуваат стории за неговиот живот, а една од нив е и за неговото семејство и љубовната афера.
Легендарниот Оливер Драгоевиќ почина вчера и Балканот тагува по големата ѕвезда.
Оливер зад себе ја остави сопругата Весна, со која беше во брак 44 години, 42-годишниот син Дино и близнаците Дамир и Давор (39).
Животот на пејачот беше полн со контроверзии. Публиката ја освои со големи хитови, романтични стихови. Неговиот љубовен живот беше бурен иако се трудеше да го задржи имиџот на мирен, семеен човек.
Неговиот брак беше пред сериозно распаѓање кога излезе на виделина неговата секс-афера. Имено, некогашната манекенка Бранка Мариќ Мути јавно призна дека со Оливер е долги години во врска.
Тие двајца биле во интимни односи во текот меѓу 70-тите и 80-тите години. За тоа колку оваа афера била сериозна говори и фактот што Оливер поради Бранка сакал да ја остави сопругата Весна.
-Во текот на тие години често поради голем стрес и нервози завршував во Итна помош. Долго време се обидував да сфатам зошто Оливер толку се заврте по таа жена. На крај сфатив дека било само прашање на неговата незрелост и несигурност, рече своевремено Весна.
Потоа следуваше турбулентен период. Меѓусебни судски тужби и огромни скандали.
Бранка тврдеше дека брачниот пар ја држи под закани и уцени, а Драгоевиќ тврдеа дека таа измислува, па ја тужеа за претрпена душевна болка.
-Никогаш не сакав да зборувам за својот живот зад сцената, но под сплет на неморални околности се најдов среде скандали кои други ги исценираа. Мојата интима е моја работа, рече тогаш Оливер и стави крај на оваа приказна.