4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Николовски: Апсолутното мнозинство и македонските граѓани ќе гласаат против договорот со Грција

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во своето телефонско јавување во вестите на Канал 5 истакна дека референдумското прашање мора да биде едноставно, и единствено мора да се однесува на договорот со Грција.

Доколку прашањето е едноставно, Николовски напоменува дека апсолутното мнозинство од македонскиот народ и македонските граѓани ќе гласаат против договорот со Грција.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ иронично вели дека владата на СДСМ ќе добиеше подобар договор доколку воопшто не преговараше со Грција.

-Референдумското прашање мора да биде едноставно, а тоа е дали граѓаните се за или против договорот со Грција. Значи мора да има едноставно прашање. Доколку прашањето е едноставно и не збунувачко, апсолутно мнозинство од македонскиот народ и македонските граѓани ќе гласаат против договорот со Грција и договорот нема да биде прифатен. И соодветно на тоа владата ќе треба да си ги сноси последиците, затоа што направија еден катастрофален договор. Јас сум кажал и претходно, да не преговараа со Грција само да побараа да им дадат договор ќе им даде подобар договор од овој кој што во моментов го имаат. Така што тоа ќе е една фактичка ситуација на пораз на оваа капитулантска политика на Владата и тоа ќе е јасна порака од страна на граѓаните во која насока треба да се движи државата, вели Николовски и додава:

„Сметам дека Македонија има и човечки потенцијал и капацитет, а исто така и голем број експерти по меѓународно право и меѓународни односи кои што можат на другата на грчката страна да и го презентираат сето тоа и да ја натераат да ги прифати тие аргументи, а апсолутно не се согласувам дека е само од наш интерес е да се постигне договор , исто така и од нивни интерес е да се постигне договор. ВМРО-ДПМНЕ во оној момент кога ќе добие шанса да ја води државата ќе направи се да го промени овој штетен договор и да ги заштити националните интереси и на Македонците како народ и на Република Македонија. Уставното име на Македонија мора да биде зачувано“.

поврзани објави

Последни објави