3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Ганка Цветанова му одржа лекција на комесарот Хан: Прво кажи Македонија па после повикувај народ да гласа!

Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова, која е активна на Твитер, не му премолче на еврокомесарот Хан за новата практика, наместо „вашата земја“ да го користи нашето знаме за да избегне да го каже името на земјата – Република Македонија.

Цветанова беше министер за култура во владата на Љубчо Георгиевски и важи за една од најуспешните во тој ресор.

Реакцијата на Самоилова дојде по твитот на Хан за референдумот

„Ги повикувам сите граѓани на 🇲🇰 да го искористат нивното демократско право да гласаат. Се работи за нивната земја и нивната иднина, порача вечерва еврокомесарот за проширување Јоханес Хан кој наместо Македонија во обраќањето го користеше знамето на земјата.

“Ја поздравувам одлуката за одржување на референдум на 30 септември за историскиот договор за името меѓу 🇲🇰 и 🇬🇷. ЕУ го поддржува договорот и неговата имплементација како симбол на помирувањето и добрите односи меѓу соседските односи во регионот”, напиша Хан на Твитер.

поврзани објави

Последни објави