4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Антонио Милошоски: Референдумското прашање не заслужува одговор!

Се зголемува поддршката за кампањата која повикува на бојкот на референдумот откако тој и официјално беше распишан вчера со одлука на парламентот. На кампањата и се придружи и пратеникот и екс министер, Антонио Милошоски, кој порача дека референдумското прашање не заслужува одговор, употребувајќи ја истата сентенца како СДСМ во 2004 година кога се гласаше на референдум за територијална поделба.

„Референдумското прашање кое е

– спротивно на Законот (задолжителен, наместо консултативен) и

– спротивно на Законот (еднозначно, наместо трозначно манипулативно прашање) и

– спротивно на Уставот потврден од народот 1991 и Бадинтер (ЕУ) 1992г.

Не заслужува одговор! #Бојкотирам“, порача Милошоски.

поврзани објави

Последни објави