3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Мицковски: Ќе се изјаснам, ќе гласам ЗА и тука завршува се, оваа власт во се друго потфрла

За или против повеќе е погрешна дилема, празна, истрошена.
Тие што стискаат на тоа копче, само се заборавија во улогите. Тие што контрираат, исто така.

И честитам на оваа власт, го дотепа ВМРО на нејзин терен. Ги згази на патриотизам, ги стигна во криминално поведение и кршење на демократскиот дух, или барем запоставување на неговото градење. Во име на виши интереси, можеби.

Тоа што мене ме мачи е едноумието кое повторно се форсира, можеби кај некои и за добра кауза, ама не личи. Основниот проблем останува дека ниту еден искрен и прогресивен човек не може да најде реален мотив, надвор од ЕУ и НАТО, зошто да го поддржи однесувањето на оваа влада. ЕУ и НАТО ви станаа параван за се.

Животот почнува после ЕУ и НАТО, да се надеваме дека тогаш ќе запре и криминалот, ќе почне соочувањето со него, ќе запрат диловите дали со коалицијата или опозицијата кога во прашање се партиските интереси, ќе запрат самоволието и тесните логики, уништувањето на природата и животната средина, се она што системски не мачи и не се решава.

Вака како што одиме можеби ќе успеме во нашите стратешки определби, но тешко дека ќе ги оправиме нашите системски болести. Впрочем и оваа власт и нејзиното однесување се најдиректниот доказ, дека двете нешта не се комплементарни, во најдобaр случај се конјуктурни, во вашиот случај, прашање на политичка коинциденција, опортунизам, интерес.

Ќе се изјаснам и ќе гласам ЗА на референдумот, ќе честитам уште еднаш на одлично сработениот договор, на сфаќањето на државниот интерес да се интегрираме. И тука завршува се, зошто како што реков, оваа власт во се друго потфрла и не води политика во интерес на своите граѓани. Води политика пред се за својот тесен интерес кој се поклопува со стратешките интереси на земјата.

Тоа е важно, но тоа не е се. Се надевам ќе ја откриете и таа димензија, не од опортунизам, туку како вистинска определба. И по ризик да звучам контрадикторно, верувам некој ќе ја разбере и оваа позиција.

Фејсбук статус на Ивор Мицковски

 

ЗА или Против повеќе е погрешна дилема, празна, истрошена. Тие што стискаат на тоа копче, само се заборавија во…

Posted by Ivor Mickovski on Monday, July 30, 2018

поврзани објави

Последни објави