4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Цесарица беше најголемиот хит на Оливер, но има тајна за песната која малкумина ја знаат

„Цесарица“ е песна која остави печат на многу генерации. Оливер Драгојевиќ зад себе остави многу хитови, но оваа песна дефинитивно ја одбележа неговата кариера.

Малкумина знаат дека, всушност, „Цесарица“ не била наменета за овој пејач.

Џибони овој хит го напиша за друга далматинска пејачка легенда.

-Таа песна не беше наменета за мене. Ја донесе Зденко Руњиќ за Сплитскиот фестивал. Бидејќи ние двајца живеевме во иста зграда, јас имав прилика да ги слушнам неговите песни. Кога ја слушнав песната веднаш реков „Ова јас ќе го испеам“. А песната беше наменета за Винко Цоцо. Сигурен сум дека и неговата изведба на оваа песна би звучела одлично, истакна Оливер за Радио Сараево во 2017-та година.

поврзани објави

Последни објави