Ако граѓаните заклучат дека прашањето им е тешко, можат да останат дома, без разлика на политичките партии. Во таков случај, тие ја пренесуваат одлуката на институциите.
Но, не сакам ниту да зборувам што ако, затоа што тоа и влијае кај граѓаните. Нема ако, овој пат ќе си ја преземеме одговорноста и за себе и за своето семејство и за нашата Македонија. Тоа е обврска пред татковината. Опција дали да излеземе или не нема. Треба да излеземе ако си ја сакаме Македонија, рече премиерот Заев на денешната прес-конференција.
Јас сум апсолутно уверен дека вашиот збор ќе биде порака за целиот свет дека – македонците заедно со своите сограѓани направија избор достоинствен за нивното место во друштвото на народите.
Гласајте слободно, кажете ДА за да зграбиме можностите кои ни ги нуди ЕУ. Да за гарантирана стабилност, за признаен македонски национален идентитет, јазик и култура. Време е за одлука за нашата иднина, за иднината на Република Македонија, додаде тој.