6.8 C
Skopje
Wednesday, January 22, 2025

Силно невреме беснее низ Македонија – на овие места е најлошо

Под влијание на моќниот Флоријан во четврток и во петок времето во државава ќе биде променливо и нестабилно на многу места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а локално ќе има и поинтензивни врнежи па така очекуваното количество на врнежи за овие два дена е над 30 – 40 л/м2 воден талог на некои места што може да услови и локални поројни поплави, стои во временската на Славчо Поповски.

Локално можни се и поинтанзивни атмосферски процеси кој може да бидат застапени и во форма на невреме.

Постабилно време треба да очекуваме за време на викендот.

Инаку и до крајот на денов како и утре (среда) особено попладнето и рано вечерта локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и услови за ретка појава на град.

Ќе продолжи да дува претежно слаб до умерен ветер од северен правец.

Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваатво интервалот од 29 до 36 степени додека тенденција на опаѓање ќе имаат во петок кога ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

Невремето веќе започна во делови на Македонија, а циклонот со многу дожд, ветер и грмежи доаѓа и кон Скопје.

поврзани објави

Последни објави