Иван од Хрватска има уплатено неверојатен тикет со 25 натпревари поради кој успеа да ја добие највисоката добивка во историјата на земјата – 766.231 куни, или нешто околу 105.000 евра. Досега ниту еден обложувач не исплатил толкава сума во ниту една обложувалница во Хрватска.
Првиот натпревар на тикетот се играше во средата, додека последниот кој донесе добивка беше дуелот меѓу Салцбург и ЛАСК, кој беше закажан во неделата од 17:00 часот.
Погледнете го тикетот на среќникот од загрепска Дубрава:
ИЗВОР: Zase.mk