Невзат Бејта, градоначалникот на Гостивар, вечерва се сретнал со лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, во седиштето на партијата, од каде не сакаат да коментираат за што точно се разговарало, пренесува порталот „А1он“.
Како што сме сите запознаени, Бејта, неодамна изјави дека е против коалиција со Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, а порача дека ниту еден албанец не би требало тоа да го посакува.
Деновиве во централата на ДУИ, Али Ахмети целодневно држи состаноци со потесното раководство на партијата, каде многумина се против коалиција со довчерашниот партнер, ВМРО-ДПМНЕ.
Рокот за составување на влада од страна на Никола Груевски истекува утре, кога и се очекува да достави предлог за формирање на новата Влада и нејзината програма.