4.8 C
Skopje
Saturday, February 15, 2025

Дали се спрема размена на територии меѓу Косово и Србија – Тачи ја сака Пречевска долина

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска повтори дека е отворен да разговара за корекција на границата со Србија, но не и за размена на територии.

Тачи рече дека таквата поделба е „неприфатлива” за него, но дека Прешевската долина сепак треба да стане дел од Косово.

– Тоа што Србија бара поделба на Косово нема да биде успешно. Тоа е неприфатливо, потенцираше Тачи.

Косово прогласи независност од Србија во 2008 година, и покрај противењето на Белград.

поврзани објави

Последни објави