4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Светските лидери со критика до Трамп

Откако донесе решение да забрани влез во САД на државјаните на седум муслимански држави, претседателот на САД, Доналд Трамп, доби остри критики од страна на светските лидери.

Канадскиот премиер изјви дека неговата земја е отворена и има желба да ги прима бегалците, независно од нивната вера, пишуваат светските медиуми.

„Различноста ја прави нашата сила“, вели канадскиот премиер. Оваа негова изјава доаѓа откако Белата куќа одлучи да го забрани патувањето до САД за три месеци за државјаните на Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен.

Холандија изрази загриженост од законитоста и практичните последици од активностите во САД во областа на визната политика.

„Важно е ваквата одлука да не доведе до дискриминација“. Во Сад сега ќе има широка дискусија по ова прашање, а ние ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата“, изјави министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс.

И германската канцеларка Ангела Меркел со остра критика до претседателот на САД Доналд Трамп. „Германската канцеларка е уверена дека ни одлучната борба против тероризмот не го оправдува чинот на ставање на граѓаните од одредени земји или вери под колективна сомнителност“ порача портпаролот на германската влада.

поврзани објави

Последни објави