14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СДСМ: Груевски прво ги нарече „шиптари“, сега ги моли за поддршка

Социјалдемокатскиот сојуз на Македонија, излезе со соопштение во кое напомнуваат дека Груевски пред само неполни два месеци, албанците ги нарекуваше „шиптари“ и бараше 63 пратеници со цел да не зависи од нив, а сега веќе моли за прошка, со цел да успее да формира влада.

„Добро е што граѓаните имаат можност да видат на што уште е подготвен Никола Груевски за своите интереси, во стравот од правдата и нивната одлука за промени.

Албанците ги нарекуваше “шиптари“, бараше 63 пратеници за да не зависел од ДУИ, а сега моли за поддршка.

Упати низа навреди и вулгарности кон претставниците на меѓународната заедница во Македонија, а сега, без образ се обидува да се додворува.

Сето тоа го прави само затоа што е соочен со одговорноста од неговото криминално владеење.

Сите, и домашната и меѓународната јавност знаат дека криминалното раковоство на ВМРО-ДПМНЕ 10 години свесно ја одалечуваше Македонија од ЕУ и НАТО, за да може без проблем да краде и да се богати.

Обвинетиот Никола Груевски не може да им понуди ништо ново на граѓаните и на Република Македонија, освен нови криминали, насилство, нови конфликти и изолација.

Човекот кој ги загрози стратешките интереси на Македонија и го уништи животот на граѓаните на Македонија не може да учествува во решавањето на проблемите.

Затоа над 612.000 граѓани на Македонија, од сите етнички заедници, избраа промени.

Демократските процеси се почнати и Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не можат да спречат.“

поврзани објави

Последни објави