-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ПОСЛЕ КРИТИКИТЕ СЕ ПРЕДОМИСЛИ: Тереза Меј веќе не се согласува со Трамп

Меј во саботата изјавила дека Вашингтон е одговорен за својата „бегалска“ политика.

Откако се најде на мета на критики на британски дипомати од нејзината партија, поради тоа што не ја осуди одлуката на претседателот на САД, за забрана на влез во САД за државјаните на седум муслимански земји, британската премиерка Тереза Меј порача дека Велика Британија не се согласува со политиката на Доналд Трамп во однос на бегалците.

„Имиграционата политика во САД е работа на владата на САД, исто како што имиграционата политика на нашата земја би требало да ја одредува нашата влада, но ние не сме согласни со овој пристап и ние таков нема да применуваме“, рече портпаролот на британската премиерка.

 

поврзани објави

Последни објави