fbpx
17.8 C
Skopje

Или Македонија денес ќе добие нов мандатар, или нови избори?

АКТУЕЛНО

Истече рокот за мандатарот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да состави влада. Бујар Османи како претставник од ДУИ во изјава за медиумите истакна дека ДУИ денеска не донеле одлука по однос на било која од петте опции.

Тоа значи дека претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски како мандатар ќе мора да го врати мандатот кај претседателот Ѓорге Иванов.

Универзитетските професори имаат различни ставови по однос на прашањето, што доколку ВМРО-ДПМНЕ не успее да состави влада. Едни сметаат дека Ѓорге Иванов мандатот ќе треба да го даде на партијата која после ВМРО-ДПМНЕ има најмногу пратеници, а тоа е СДСМ. Други пак велат дека, ако и по истекот на рокот, мандаторот не успее да состави влада, истиот тој треба да му го врати на Ѓорге Иванов, а тој повторно да му го довери на истиот мандатар, во случајот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Рокот истече, а влада се уште не е договорена. Тоа значи дека во текот на денешниот ден претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да го врати мандатот на претседателот на државата Ѓорге Иванов, а тој да го направи следниот чекор, да го даде мандатот на Зоран Заев како лидер на партијата која има најмногу гласови после ВМРО-ДПМНЕ, или повторно да му го довери мандатот на истиот мандатар.

Како трета опција, доколку мандатот остане нереализиран, постои можноста Собранието со 61 пратенички глас „за“ да се самораспушти и со тоа да се распишат нови избори во рокот кој е законски предвиден.

Нови избори се зрело решение и за ВМРО-ДПМНЕ кои по истекот на рокот за состав на влада преку соопштение ја информираа јавноста дека единственото зрело решение за надминување на политичката криза во Република Македонија го гледаат во нови избори.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -