Жената која пријавила дека пејачот Халид Муслимовиќ ја претепал кон крајот на јули во Бања Лука тврди дека тие двајца три години биле во врска и дека била тепана секогаш кога му барала да ѝ го врати долгот од 94.500 евра.
Соња Башиќ го приложила и пишаниот материјал, кој според нејзините зборови докажува дека му давала пари, како и заеднички фотографии на кои се гледа дека таа има модринки.
„Со Халид почнав да се забавувам во ноемви 2015 година, кога беше во Австралија на турнеја. Му помогнав да опстане, бидејќи беше во тешка финансиска ситуација. Му помогнав околу кредитот кој го имаше, но и децата да му се школуваат на факултет, а ги финансирав и неговите песни и спотови“ – изјавила Соња.
„Три пати ме удри по уста, а потоа го запре автомобилот, излезе и дојде до мојата врата. Ме фати за коса, ме извлече и јас паднав на земја. Удрив со десниот колк во камен, Го прашав: „Халид зошто ме удираш?“, а тој почна уште повеќе да ме удира“ – раскажала таа за српските медиуми.