fbpx
11.8 C
Skopje

СДСМ: Бидете мирни, нема веќе МВРО-ВМРО, сè ќе провериме околу џипот во Грција

АКТУЕЛНО

Граѓаните знаат какви се злоупотреби се правеа на сите нивоа во државните институции, вклучително и во МВР, за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ праша што бара службено возило на МВР во кампот Евридики во соседна Грција, кој издал налог и што барал полициски службеник со службен џип во кампот, кого тој превезувал во џипот итн.

„Почнувајќи од прикривањето и заштитата на криминалот на фамилијата, незаконското прислушување, злоупотребите и партизацијата на полицијата, па се до претворањето на министерството во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборите. Времето на злоупотреби заврши тоа треба да им биде јасно на сите. Нема повеќе МВРО-ВМРО, нема повеќе сокривање или бегање од одговорност“, стои во реакцијата на СДСМ.

Од таму посочуваат оти за споменатиот случај извршени се соодветни проверки, а во тек е и дополнително утврдување на сите факти.

„Доколку се утврдат неправилности ќе бидат преземени соодветни мерки. Тоа е разликата со која не може да се помири ВМРО-ДПМНЕ ниту пак може да ја разбере“, порачаа социјалдемократите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -