6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Русија го назначи Стивен Сигал за „специјален советник“ во односите со САД

Руското министерство за надворешни работи оваа вест ја соопшто преку објава на Facebook, со објаснување дека позицијата која ја добива американскиот актер нема да биде платена.

Неговата одговорност ќе биде да „ги поттикне и подобри односите помеѓу Русија и САД на полето на хуманитарните активности, вклучувајќи ја тука и културата, уметноста и младинските размени меѓу двете земји“. Во 2015 година Владимир Путин му предложи на тогашниот американски претседател Барак Обама дека би можел да го постави Сигал за почесен руски конзул во Калифорнија и Аризона.

Во ноември 2016 година американскиот актер го посети рускиот претседател во Кремљ и тогаш му беше издадено руско државјанство. Бабата на Сигал е родена во Владивосток, Русија, а актерот и Владимир Путин ги спојува љубовта кон боречките вештини.

„Владимир Путин е еден од најголемите светски лидери, можеби и најголем во моментов. Имам огромна почит за него“, рече Сигал во интервју за каналот RT во 2013 година.

Покрај руско и американско, на Стивен Сигал му беше понудено и српско државјанство во 2016 година, кога тој отворено ја искажа намерата да отвори школа за боречки вештини во главниот град на Србија, Белград.

Извор: Кајгана

поврзани објави

Последни објави