3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

ОТВОРЕНО И ИСКРЕНО: Лепа Брена проговори за односот со првата сопруга на својот маж

Ќе признаете дека е вистинска реткост бившата и сегашната сопруга да се во коректни, па дури и во пријателски односи. Најчесто станува збор за „зла крв“, па многумина истото го мислеа и за односот на Лепа Брена и Зорица екс Живојиновиќ, првата сопруга на Боба Живојиновиќ, со која бившиот тенисер го има синот Филип.

Имено, кога Брена и Боба ја почнаа својата љубовна врска, и двајцата беа во зенитот на популарноста, а фолк-пејачката редовно го бодреше од трибините на тениските натпревари, така што нејзиното присуство беше забележано и од страна на медиумите, токму поради популарноста, но и поради фактот што тенисерот се’ уште беше во брачен однос со Зорица. Како што е познато, тој брак набрзо заврши, Брена стана госпоѓа Живојиновиќ и ги роди синовите Стефан и Виктор, а Зорица се пресели во Америка, каде што се премажи и роди деца со вториот сопруг.

Сепак, неодамнешната венчавка на Филип и младата пејачка Александра Пријовиќ беше доволен повод мајката на младоженецот да допатува во Белград, појавувајќи се во модерна зелена креација и покажувајќи близок однос со Лепа Брена. Токму затоа, интересот на јавноста се засили, па новинарите не можеа а да не ја прашаат популарната пејачка во какви односи е со својата „соперничка“.

Како и досега, така и на свадбата, Зорица и јас надгледувавме се’ да биде убави и сите да останат во добри односи“, одговори Брена, потврдувајќи дека со мајката на својот посинок е во близок и пријателски однос.

поврзани објави

Последни објави