Со најдобрите двајца другари се договоривме да ги земеме девојките и сите заедно да одиме во Грција на одмор. Како што се договоривме – така и направивме, зошто нашите девојки супер се слагаат кога сме излезени некаде на пијачка или во диско. Затоа си мислевме дека ова ќе биде полн погодок и дека супер ќе си поминеме.
Уште вториот ден започнаа кавгите зошто тие не можеа да се договорат што ќе јадеме, а третиот ден беше проблем која прво ќе оди на туширање и колку ќе се задржи во бањата.
Петтиот ден паднаа обвинувања дека една на друга без знаење си трошеле од „скапите“ креми оставени во бањата, па така се’ отиде по ѓаволите. Кулминација доживеав кога девојката на другар ми почна да ми се пушта, а мојата девојка се обидуваше да ме направи љубоморен со мојот другар!
Третата девојка постојано одеше под туш на плажа и еротски демек се тушираше за сите да ја забележат и некако филмски се однесуваше, а врв беше кога се соблече во танга и топлес. Иако сме машки, не сакаме да ги гледаме голи девојките на нашите другари. Мислам, сакаме да ги гледаме, ама многу е непријатно!
На тројцата ни пукна филмот и ни се смачи оваа нивна болна игра на доминација, па од шесттиот до десеттиот ден од летувањето почнавме да ги игнорираме, ама тотално. Одевме сами на пиво, сами на плажа, навечер одевме сами да се журкаме по локалните дискотеки и искрено да ви кажам супер си поминавме. Барем не дозволивме и вториот дел од одморот да ни пропадне.
Следната година дефинитивно не ги носиме девојките со нас ако воопшто после ова останеме со нив во врска.