-Моето толкување на ваквото доближување на ВМРО-ДПМНЕ и враќање на нивото, на сегашното ниво , СДСМ се нема многу поместено од она што имаше доверба и досега, ама ВМРО е вратено назад. И по мене во најголем дел се должи на договорот со Грција, односно мислам дека тоа наоѓа на поткрепа и во целата анкета дека генерално мнозинството од луѓето меѓу 50 и 60 посто вкупно, а уште повеќе кај етничките Македонци се незадоволни од повеќето одредби од Договорот. Иако на крајот дел од нив се изјаснуваат дека ќе гласаат „за“. Ама релативно мнозинско незадоволство има за поединечните прашања, менување на Устав, менување на името, кодовите, регистрациите и слично. Можеме да зборуваме и повеќе за тоа ама јас така го објаснувам бидејќи анкетата е правена на 24 јули до први август, тоа е мислам пред овие последни афери што беа со тендери со слични корупциски скандали. Мислам дека тие не влијаеа на овој резултат и мислам дека тие допрва ќе се разврзуваат во месец септември, вели Кржаловски кој додаца дека ефект има и раздвижувањето во ВМРО ДПМНЕ и зголемениот активизам.