Медијаторот од Белгија во преговорите за постигнување на Пржинскиот договор, Питер Ванхојте, на неговиот твитер профил се огласи по повед за неуспешниот обид за составување на влада од страна на Никола Груевски.
Според Ванхојте, претседателот Иванов треба да го предаде мандатот на другата партија со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија, во тој случај СДСМ, во спротивно тоа ќе биде прекрашување на уставот.
„ВМРО-ДПМНЕ не успеа да состави влада, откако не постигна договор со ДУИ. Тие сакаат да владеат, но гледајќи ги Албанците како граѓани од втор ред. Груевски најпрво посакуваше 63 пратеници за да не зависи од нив, а сега ги бара и ги враќа во игра кога му е потребно мнозинство“, пишува Ванхојте.
Од ВМРО-ДПМНЕ, се надеваат дека мандатот ќе го добие друг член од партијата, па со тоа ќе добијат дополнителен рок за преговори околу составувањето на новата Влада. Според Ванхојте, Груевски во изминатите дена не преговарал како поединец, туку ја застапувал целата партија, па според меѓународните концепти, мандатот треба да се додели на следната партија според бројот на освоени мандати.
„Груевски преговорите не ги водеше како поединец, туку тој ја застапуваше целата партија ВМРО-ДПМНЕ. Доколку мандатот се додели на друг член од истата партија тоа би било противуставно и против сите демократски стандарди, а со тоа само ќе се продлабочи кризата. Ако Иванов го додели мандатот на некој истата партија, тоа ќе биде резултат дека посакуваат нови избори заедно со локалните во март“ додаде Ванхојте.
Тој не заборави да напомене дека земјата сеуште е во преговори за да стане членка на Европската Унија и НАТО.
„Македонија се уште има амбиции да постане земја членка на ЕУ и НАТО, но во овие огранизации потребно е да се почитуваат демократските стандарти“, заврши белгискиот политичар.