Амазон има 500 000 вработени , кои работат во компанијата на најбогатиот човек на светот , Џеф Безос, a тој 20 години си поставува три прашања при вработување нови луѓе.
На почеток во 1995 компанијата броела едвај десетина луѓе и работеле прво во гаражата на Безос , а потоа во неговиот стан во Сиетл. Како што пишуваат американските медиуми , успехот на Безос се должи и на трите основни правила од кои не отстапил во текот на растот на компанијата.
,, Ќе беше неможно да се постигнат резултати во динамичниот свет на интернетот без извонредни луѓе” , вели Безос во интервју за ЦБНС. За да не направи грешка при изборот на врвни стручњаци во својата област , Безос од 1998 составил три едноставни прашања што им ги поставувал на идните вработени .
Првото прашање што си го поставувал Безос при интервјуто е – дали ќе и се воодушевувате на таа личност? Вели дека на тој начин не направил грешка во изборот , зашто треба да вработиш некого , за кого и самиот би работел .
Вториот услов и прашање е – дали оваа личност ќе ја зголеми продуктивноста на тимот во кој доаѓа ? Безос вели дека во врска со ова прашање секогаш ги тера вработените да ја визуелизираат компанијата за пет години и со тоа ја поставува скалата за успех се повисоко.
И третото начело е со цел да се направи што поуспешен тим . Тоа гласи – во кој сегмент оваа личност ќе стане ѕвезда? Безос цвели дека настојува секој вработен да има некоја своја особина или вештина со која се истакнува. Така , тој ја вработил светската првенка во спелување , иако при работата нејзината вештина не и е потребна .
Слични принципи пред извесно време изјави дека има и основачот на Фејсбук Марк Цукерберг . Денес стратегијата на Амазон за вработување има 14 принципи , но овие три се приоритетни.