10.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024
Платено политичко рекламирање

Перфектна афера: „Како го изневерував сопругот после 20 години брак”

Анонимна жена се согласила во својата исповед за британски „Guardian” да ја открие својата „совршена афера“ која траела паралелно со нејзиниот брак.

Ова е нејзината исповед за тоа како го изневерувала човекот со кој го градела животот дваесет години.

„Љубовта и среќата ми се важни во мојот брак со Стивен, долг 20 години. Важни ми се и во девет години долгата афера со Мајкл. Не се впуштив лесно во прељуба. Не сакам драма и растурање на семејството. Но, сакам и афера. Затоа ги разработив деталите за никој никогаш да не дознае. Не се сомнева ниту мојот сопруг, ниту мојата сестра, дури ни моите најдобри пријатели немаат поим. Докази не постојат.

Не ја започнав аферата бидејќи нешто ми недостасува со Стивен. Тој е одличен, духовит и привлечен. Тој е фантастичен татко. Цело време мојот сопруг го познава мојот љубовник, некогаш се дружеа бидејќи децата ни одеа во исто училиште. Мојот сопруг беше оној кој нè запозна. Добро се согласуваа.

Бев потресена кога сфатив дека Мајк ми се допаѓа. Ми се допаѓаа и други луѓе претходно, не сум слепа, но ова беше поразлично. На забавите се издвојувавме и флертувавме. Не можев да го исфрлам од главата. Мајк еднаш се напи и ми испрати секси порака. Му ја покажав на сопругот и му реков – Види го царот, ми испрати нешто по грешка наместо на неговата сопруга. Мојот сопруг дури го задеваше потоа. Намерно го направив тоа за да му објаснам на Мајк дека такво нешто никогаш повторно не смее да му се случи. Не смееше да има траги.

Првиот секс со Мајкл беше катастрофа. Двајцата бевме многу уморни и нервозни. Со месеци ме ’палеше’, но тогаш не. Сексот беше очаен, краток, па дури и болен. Имавме уште еден после тоа, подеднакво лош.

Вината ме убиваше. Сама себе се шокирав што подоцна имав секс со сопругот како ништо да не се случило. Сепак, повторно се гледав со Мајк. Се гледавме два пати месечно.

Сакав да си докажам себеси дека нашиот секс може да биде подобар. И се подобруваше кога престанавме да бидеме нервозни. Мајк тврди дека ја сака својата сопруга, но ако некогаш го промени своето мислење и одлучи да му каже на Стивен – сè ќе негирам. Ќе биде мојот збор против неговиот, а тој нема ниеден доказ – ниедна слика, порака, дел од облека. Ништо. Во меѓувреме, јас се дружам со сопругата на Мајк. Совршен параван. Одиме на кафе, еднаш ми рече дека сум добра за Мајкл бидејќи тој нема сестра.

Ги сакам и двајцата, никому не му штетиме и не планираме да го направиме тоа. Знам дека сме алчни, но она што не го знаат не може да ги повреди. Дури и сексот со сопругот ми е подобар.

Убедена сум дека повеќето луѓе се верни само затоа што се плашат од она што би можеле да го загубат ако бидат откриени. Колку од нив се во очајни бракови само поради страв?

Потребна е многу храбра личност за да одговори искрено на ова, но пред да ми судите, поставете си едно прашање: што ве спречува да го направите истото како мене?“, завршила анонимната жена со својата исповед.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави