Шведска се подготвува за војна. Таа има брошура која треба на граѓаните да им објасни како да се однесуваат во случај на војна, сајбер напад или нешто полошо. Брошурата е објавена во време на се поголеми тензии меѓу Русија и западните сојузници.
Со наслов „Ако дојде до криза или војна“, во брошурата на 13 јазици се напишани совети за наоѓање засолниште, чување храна и за тоа што точно значат предупредувањата. Брошурата ќе им биде испратена на 4,8 милиони Швеѓани во периодот од 28 мај до 3 јуни. Ваква брошува за последен пат е печатена во далечната 1961 година за време на Студената војна.
Истата ќе биде испратена на 4.8 милиони домаќинства. И таа е најверојатно последица на зголемениот страв од Русија посебно во 2014 и анексијата на Крим.
Како што наведува Гардијан Шведска подготвува и заеднички план со Данска за одбрана од сајбер напад. Сајбер нападите како што се чини се новото борбено поле и епицентар на идните судири.
Извор: Прес 24