Откако минатата година преку социјалните мрежи ја обелодени врската со младиот охридски бизнисмен Виктор Илоски, поранешната водителка на некогаш постоечкиот ТВ магазин „Бекстејџ“ и манекенка, Мартина Михајловска, викендов направи свадба.
Таа во месец октомври 2017 година му кажа „да“ на својот сакан Виктор.
Бидејќи Мартина не многу откруваше детали од приватноста во јавност, не се појавија ниту фотографии од свршувачката кои пак тазе младоженецот гордо ги објави на своите профили на социјалните мрежи.
Овој викенд се случи и свадбата кога и официјално запловија во брачните води.
Првата фотографија од свадбата ја објави стилистот Александар Дадар каде Мартина редовно се разубавува.
Од приложеното може да се види дека македонската Ева Мендез, како што медиумите милуваат да ја наречат, изгледа совршено.
Извор: Вистина