24.8 C
Skopje
Saturday, September 7, 2024

Од седум до десет сум домаќинка, а потоа сум љубовница

Јас сум од оние добрите жени. Го сакам мојот сопруг и уживам во секој момент кога сме заедно дома. Но, моето омилено време е ноќта после работа. Кога се прибираме дома, приготвуваме вечера и започнуваме разговор околу тоа како ни поминал денот.

Мислам дека ме бива во домаќинството. Умеам да се грижам за мојата љубов и тоа со големо внимание … Не е само до готвењето. Секој детаљ ми е важен – убаво свиткани салфетки, насликани со плодно овошје или внимателно подредени перници на каучот …

И така се чувствувам среќно. Мојата посилна половина, исто така. Како што се шегувам пред моите пријателки – од 19:00 до 22:00 сум во режим на домаќинка. Додека ги грицкам компирите и размислувам за што следно да се зготви, го слушам мојот сакан како зборува за секојдневниот живот.

Потоа јас ја подготвувам тавата и ја ставам во рерна да се готви јадењето. За тоа време седнувам на каучот за да се гушкам и уживам во неговиот прекрасен машки мирис. Јадеме, гледаме телевизија или ја слушаме нашата омилена музика. Потоа раскревам и доаѓа времето за мојата следна улога – љубовницата!

Не, не е тоа што го мислите… Јас не бегам од дома за да бидам во прегратките на друг маж. Јас само го вклучувам режимот!

Сакам да се истушираме заедно, да го предизвикам… да го допрам и да го бакнам. И тој да ми возврати. Да се галиме по најинтимните места… Додека тој чита книга, му велам дека јас сакам да сум на местото на таа книга во неговите раце… и да се бакнуваме…

Понекогаш мажите ни велат нам жените дека сме големи глумици и дека знаеме да ја искористиме ситуацијата. Епа да, јас сакам да ја играм улогата на љубовница, кога тоа е добро за нашата врска. А оваа мајсторска умешност, делува. Да се биде способен да се биде жена.

Вистински среќните жени умеат да ги префрлаат улогите: од режим на девојченце на мама и тато – во режим на зрела дама, од мајка во сопруга, од домаќинка во љубовница, од елегантна дама – во развратница во кревет.

За добро или зло, за да бидеме посакувани и љубени од човекот кој сме го одбрале за нас и за да ја сочуваме искрата на страста, треба да знаеме да ги менуваме овие улоги. Да, точно е дека мажите ја сакаат разновидноста, но ако таа разновидност ја добијат од една жена, има ли подобро од тоа?

И вечерва нема да се изневерам себеси: прво ќе попрскам сол на вечерата – за повеќе вкус, потоа ќе попрскам шеќер на моето тело … за да биде послатко додека ја отстранувам мојата чипкаста долна облека …

Автор: Сијана Момчилова

поврзани објави

Последни објави