Краткотрајно невреме проследено со силен ветар, пороен дожд, грмежи . Вака изгледа прогнозата на УМХР за попладнево.
Според прогнозата најголеми шанси за нестабилно време се прогнозираат во источниот регион.
Слично нестабилно време се предвидува и за среда и четврток, кога поинтензивни процеси се најавуваат за западните и југозападните делови од Македонија.
Мала стабилизиција на ова нестабилно време се очекува во петок и сабота, додека потоа се најавува период на нестабилност во попладневните часови.
Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува УХМР за денеска попладне. Повеќе услови за нестабилност ќе има во источните делови од земјата доцна попладне и во ноќните часови. Локално е можна појава и на краткотрајно невреме со силен ветер.
УХМР препорачува, во случај на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.