15.8 C
Skopje
Wednesday, September 18, 2024

Сузана Спасовска се качи на Кинескиот ѕид и запеа на кинески – туристите воодушевени (ВИДЕО)

Фолк-пејачката Сузана Спасовска напиша дека по 6 илјади искачени скалила се качи на Кинескиот ѕид, па запеа. Додека траеше перформансот на Сузе, воодушевените Кинези и туристи застануваа да ја слушнат песната на фолк-пејачката и ракоплескаа.

Видеото од песната што Сузе ја испеа на Кинескиот ѕид таа го сподели на својот фејсбук-профил.

Посетата на Кина на фолк пејачката, Сузана Спасовска, беше реализирана лани и повторно на специјална покана од кинескиот амбасадор во Република Македонија, Зеншун Вен, со кого фолк-пејачката е долгогодишна пријателка. Сузана е една од ретките кај нас кои го учат кинескиот јазик. Таа раскажа дека кинескиот јазик воопшто не е лесен за учење зашто азбуката се состои од симболи и знаци што не се слични со странските јазиците кои најчесто се учат.

Сузана освен македонските песни, пее и кинески композиции кои често ги изведува при престојот во кинеските градови.

поврзани објави

Последни објави