fbpx
7.8 C
Skopje

Протоѓер за адвокатот на Сашо Мијалков: Копиле скапано, он е за СДСМ, како незнаете

АКТУЕЛНО

Во една од бомбите објавена во судница за случајот Титаник, меѓу Мартин Протогер и Гордана Јанкулоска се редат навреди за тогашниот републички јавен обвинител Љупчо Шврговски, а сегашен адвокат на Сашо Мијалков.

-Абе овој Шврговски, ова копиле скапано. Да му е..м мајката, по допрен глас ќе постапувал за сторијата на А1, нервозно и вели Протогер на Јанкулоска.

Таа пак му вели дека таа помислила дека само отворил предмет, а потоа да го затвори. На ова Протогер уште понервозно и враќа дека тој бил човек на СДСМ.

-Како бе, он е за СДСМ, како незнаете, истакнува Шврговски.

Тогаш Протогер додава дека ќе му каже на Сашо Мијалков да го стегне.

Во претходните разговори Јанкулоска и Протогер зворуваат за аферата Списоци која ја објави тогашната телевизија А1, односно за тоа дека вработените во државна администрација треба да обезбедат по 15 гласачи. Првично се смеат додека разговарат, но потоа се забележува дека стануваат нервозни, па одлучуваат да ги тужат новинарките. Но, наместо тоа обвинителот Шврговски отвора предмет по допрен глас, што дополнително го нервира Протогер.

Но во наредноте разговори Протогер се смирува, па и вели на Јанкулоска: Зборев со Шрговски, ќе го биде ова, ама ај ќе зборуваме.

Набрзо по откривањето на аферата Шврговски ја затвори истрагата бидејќи наводно немало докази за злоупотреби пд ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: Фокус

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -