Мафијата меша прсти во сѐ, па така сега постојат теории дека токму тие би можело да се одговорни за катастрофалното рушење на мостот во Џенова какде 38 лица го загубија животот.
За разлика од другите катастрофи, сепк не станува збор за Божја волја, туку за трагедија за која се одговорни луѓе, наведува новинарот Тобијс Џонс.
Многу од Италијните го обвинуваат организираниот криминал.
Иако не постојат конкретни докази за спроведување на криминал при изградбата, власта од 1948 до 1992 година била познта по соочуство во организирн криминал.
Ним им биле згарантирани гласови во замена за доделувње јавни договори.
Понекогаш цената за тоа се плаќа децении подоцна. Имено, во последниве 5 години, дури 9 мостови се срушиле во Итлија.
Имено, мафијата толку многу ги преземала градежните прокети што тогашниот министер за инфраструктура, Пиетро Лунарди во 2011 година ги шокирал Италијаните велејќи дека проблемите со мафијата секогаш биле присутни и дека е потребно да научиме да живееме со таа реалност.
Ова е особено опасно и поради многу измами, особено поради употреба на „сиромашен цемент“, кој е користена мешавина за да се заштедат пари, но може да чини живот.
Полицајците во 2009 година истражувале дури 20 случаи со разреден цемент. Списокот на згради кои би можело да се срушат поради ваквиот цемент е над сто и влучуват болници, училишта и аеродроми.