Британските медиуми денеска излегоа со бројни коментари и проценка дека кралскиот дворец лошо се снаоѓа со скандалите со семејството на Меган Маркл .
Повод за критиките е интервјуто на таткото на Мегхан Маркл , сега војвотка од Сасекс , Томас . Тој за Дејли Меил рече дека му ја теснал слушалката на принцот Хари среде напнат телефонски разговор , кога било откриено дека Томас зема пари од папараци за да заработи од свадбата на сопствената ќерка.
За колумностот на Дејли меил , Ричард Кеј , каде таткото на Меган го даде интервјуто не е возможно да не се сочуствува со Меган , но сепак одговорноста за настаните е во кралскиот двор. Бројни експерти за животот на британското кралско семејство сметаат дека бил погрешен уште од почетокот начинот на кој бил третиран таткото на Меган, Томас Маркл.
Тој е отфрлен од самиот почеток и сметаат дека односот не би се поправил ниту доколку Меган веднаш отиде кај него во Мексико.
За медиумите е најскандалозен делот од разговорот на Томас кога вели дека Меган пред венчавањето му се јавила и му рекла дека ќе нема место за негов говор на венчавката во Виндзор.
Таткото му замерува на британскиот двор и за веридбата . Во март , кога била објавена веридбата , двајца претставници од британскиот конзулат во Лос Анџелес лично ја известиле мајката на Меган , Дорија , додека Томас за настанот дознал од медиумите.