15.8 C
Skopje
четврток, ноември 20, 2025

Детали за трагичната несреќа во Македонија: Откриен идентитетот на двајцата параглајдеристи

Голема трагедија ја потресе вчера Македонија кога починаа двајца параглајдеристи кај Мечкин Камен во Крушево.

Како што информираат денеска од македонското МВР, во 12,30 часот во Крушево кај Мечкин камен, дошло до судир во воздух помеѓу двајца параглајдеристи, 56-годишниот И.В. од Украина и 54-годишниот И.П. од Велика Британија, при што И.В. починал на местото на настанот, а И.П. со тешки телесни повреди е пренесен во Здравстнев дом Прилеп, каде подоцна подлегнал на повредите.

Според информациите од полициската станица Крушево, несреќата се случила многу кратко откако се обиделе да полетаат. Сомневањата се дека едниот од параглајдеристите доживеал излив, по што во воздухот со себе го повлекол и вториот. Првиот параглајдерист починал на лице место, а вториот им подлегнал на тешките повреди во болницата во Прилеп.

Извршен е увид, од страна на Јавен обвинител е наредена обдукција.

поврзани објави

Последни објави