Една од најотровните видови риби- фуга, која лачи отров кој е 1.250 пати појак од цијанид е воочена во Стримонскиот залив.
Оваа вест е објавена на грчки јазик во вид на предупредување.
Исто така и Институтот за океанографија и рибарство во Хрватска, на нивната официјална страница објавил вест за новиот вид на риба која се појавила во Јадранот „srebrenoprugoj napuhači“ која е толку многу отровна што нејзиното конзумирање може да биде фатално, пренесува српски курир.
Според информациите кои ги пренесол споменатиот институт, оваа риба во себе содржи тетродотоксин кој може да доведе до парализа на дишниот и циркулаторен систем, што може да предизвика смрт.
„Srebrenopruga napuhača“ (латински Lagocephalus sceleratus) е позната и по името „Далматин ска фуга“ една од најинвазивните риби која моментално се шири низ Средоземното море, а е застапена и во Јадранското море.