3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

По колумната на Љубчо Георгиевски, Бугарија го омекна ставот кон Македонија

Вчера, во историската месност „Петрова нива“ се одбележа 115. годишнина од Илинденско – Преображенското востание.

На настанот присуствуваа државниот врв на Република Бугарија, вицепремиерот Валери Симеонов, лидерот на БСП Корнелиа Нинова, лидерот на АБВ Румен Петков и европратеникот Ангел Џамбаски.

За разлика од претходниот период, кога од страна на Бугарските политичари, новинари и колумнисти жестоко се критикуваше Македонија, вчера, на одбележувањето на настанот на “Петрова нива“, можеше да се забележи помек тон во нивните изјави.

По колумната на екс премиерот Љубчо Георгиевски, насловена како “Нова криза во македонско – бугарските односи“ во која тој ги критикува бугарските политичари за непринципиелен однос кон Македонија и во која со факти зборува за историски настани поврзани со Илинденското востание, вчера на одбележувањето на 115. годишнината од Илиденското – Преображенско востание во Република Бугарија немаше изјави со кои бугарските политичари ќе ја провоцираат македонската страна.

Георгиевски во својата колумна, заострениот настап на Бугарија кон Македонија го оцени и како борба меѓу власта и опозицијата кај нашиот источен сосед, но, по аргументираниот настап на нашиот екс премиер, јавноста во двете земји очекува смирување на страстите и продолжување по патот на добрососедството помеѓу двата братски народи.

 

 

поврзани објави

Последни објави