6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Жена во својот дом родила мртво новороденче, па префрлена во болница

Скопјанката С.П. која има 41 година денес родила мртво новороденче во својот дом. Од страна на МВР известија дека новороденчено било мртво, додека жената е префрлена во болница.

С.П. најпрво започнала да крвари, поради што веднаш била повикана Итна медицинска помош. Од страна на лекарите била констатирана смртта на женско новороденче.

„Во 11:30 часот, 41 годишната С.П. од Скопје, која била бремена во осми месец, и се слошило и почнала да крвари. До доаѓањето на екипата од Итна медицинска помош, истата сама се породила во својот дом. Од страна на лекар била констатирана смрт кај женското новороденче, а С.П. била пренесена во Клинички центар на Клиниката за гинекологија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатото бебе ќе биде дадено на обдукција“, стои во известувањето од МВР.

поврзани објави

Последни објави