3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Туристи од Македонија велат дека плажите во Грција се преполни со Медузи

“Сакам да ве информирам дека во морето во Полихроно, каде што летувам ова лето има премногу медузи, пред малку имавме средба со една од нив и ме испече. Приметив дека се појавуваат, особено кога водата е разматена” – напиша на Фејсбук туристка од Македонија.

Останати туристи коментираат дека постојат и плажи кои се безбедни од медузи, па доколку наскоро патувате во Грција, информирајте се каква е состојбата за местото каде што ќе одите.

Но, што доколку сепак имате блиска средба со медуза и таа ве “испече”?

– Кожата веднаш треба да се измие со средство против изгореници и во најкраток рок да отидете на лекар – вели Д-р Бранка Грујичиќ, специјалист по општа медицина.

Лекарот потоа ќе ви препише терапија од локален карактер, а многу ретко, може да даде и антихистамини. Најчесто ќе ви препорача да користите крем, кој ќе го користите толку долго, во зависност од ширината на изгоретината. Последиците од изгореницата брзо поминуваат, но може да остане мала дамка, како резултат на промена на пигментацијата на местото.

Што НЕ СМЕЕТЕ да правите кога ќе ве “испече” медуза:

Покрај тоа што треба да знаете што треба да правите, добро е да се знае и што не треба да правите кога ќе ве испече медуза!

Местото никако не смеете да го миете со обична вода од чешма, да го триете со крпа, или да ставате алкохол. Во прв момент, најдобро е местото да го исплакнете со морска вода!

Кој е најосетлив на Медузи?

Најосетливи се децата, но и останатите кои имаат светол тен, а кои поинтензивно реагираат на сите врсти на изгореници, како на пример од сончевите зраци. Важно е да се нагласи дека сепак, медузата не може да предизвика посериозни проблеми кај луѓето, па ниту кај оние кои страдаат од некаква алергија.

Природни средства против изгоретина од медузи!

Засегнатото место, намачкајте го со свеж домат. Се што треба да направите е да го исечете на половина и да го ставите на заболеното место.

Втор, проверен старински начин на лекување е, местото да го истретирате со сопствената урина. Сепак, сите овие природни начини на лекување, не го исклучуваат одењето на лекар.

поврзани објави

Последни објави