7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Колев: Мала лекција по историја за „барокните војводи“!

На денешен ден се крева на востание, против поробителот, VII- от Револуционерен округ на Организацијата.

VII-от Востанички округ – Одринско бил формиран со Општиот план за востание. Востаничките дејствија започнале на 19 август 1903 година (нов календар) и траеле некаде до 8 септември (нов календар). Конгресот на Петрова нива, одржан на 28 и 29 јуни 1903 година, решил Одринскиот револуционерен округ да се подели на 5 востанички околии:

I Мало-трновски
II Чокенски
III Мустафа-пашански
IV Дедеагачки
V Ахчелебиски

Конгресот го избрал учителот Павел Ковачев за посебен претставник на Одринско при Задграничното претставништво во Софија, Васил Пасков бил назначен за интендант на округот со седиште во Бургас а Михаил Герџиков и Михаил Даев заминале во Бугарија за да набават експлозивни материјали за изведување на неколку атентати во Одринско. Било создадено санитетско одделение на чело со фелдшерот Христакев со постојано седиште во селото Мегалево.

На 29 јули едно одделение на турската војска на пат кон Мало Трново дошло во судир со една чета, при борбата загинале 2-ца војници. Кон крајот на јули (стар календар).

Околискиот штаб се собрал во селото Мегалево. Востанието во битолско веќе било започнато. Централниот комитет и Задграничното претставништво побарале востанието да се забрза и во Странџа. Штабот одлучил востанието да се крене на 5 кон 6 август на празникот Преображение Христово.

На 5 наспроти 6 август, на Странџа избувнале голем број на пожари, а набргу по избувнувањето почнале да се слушаат грмежи на бомби и пукотници од кримките.

Христо Силјанов истакнува дека:

„Тоа беше поздрав кон борците во битолско од востанатите нивни браќа од Странџа”.

Домашна задача: Останатите факти проучете ги сами од архивите во Скопје, Софија и Истанбул, како и од многубројните документи качени на интернет.

Знаењето е сила, знаењето е моќ!

поврзани објави

Последни објави