2.8 C
Skopje
Monday, January 13, 2025

Нина Бадриќ распали по Северина и Розга- нема да верувате што изјави за нив

Нина пее од својата 10. година, а нејзините почетоци се поврзани со една од најголемите музички ѕвезди во Хрватска, но и во поранешна Југославија, сега веќе починатиот Дино Дворник. Вели дека тој ѝ отворил многу врати во музиката. Но, по сите години поминати на сцената, најголема поддршка ѝ се сестрите Сунчица и Дијана.

Таа раскажува дека кога ќе се врати наназад, не жали за ништо во кариерата. Но, кога ќе размисли, денес некои работи можеби би ги направила поумешно и попаметно.

„Дрскоста што ја имав во себе ме водеше по патот по кој ја градев кариерата. Денес сигурно би била помудра за да си го олеснам патот до целта. Ама таа дрскост и младешката харизма можеби беа тоа што луѓето го препознаа во мене и го засакаа“, вели хрватската поп-пејачка.

Нина Бадриќ е пејачката што има продадено најмногу албуми во Хрватска. Зад себе има седум албуми, а последниот го сними во 2011 година. Истата година ја сними и песната „Не кажувај либе добра ноќ“ заедно со браќата Тавитјан.

„Песната ја снимив за 5 минути во студио. Гаро и Диран, кога ја слушнаа снимката, ми рекоа само да го пеам зборот „ноќ“ со помеко „ќ“. Природно ми дојдоа и акцентот и текстот и зборовите. Вашиот јазик е многу мелодичен за пеење,“ рече Нина.

Таа ја преставуваше Хрватска на Евросонг во 2011 година. Евровизија ја памти како еден од најстресните периоди во своајта кариера.

„Тоа е натпревар на земји, не на песни. Доцна го сфатив тоа и фактот дека Евровизија не е фестивал за мене. Ама како можев да ја одбијам понудата на мојата земја да ја претставувам на вакво големо натпреварување. Тој повик е чест за секој музичар“, вели Бадриќ.

Сепак повеќе внимание предизвикало прашањето како и се чинат Северина и Јелена Розга, на што таа одговорила:

-Ние три делиме ист музички леб. Сепак, оваа работа ја работиме на сосема поинаков начин. Да ми се допаѓа тоа што тие го прават и јас би го правела истото, но јас сум во некоја друга приказна. Си ја гледам сопствената куќа. Секој си оди по својот пат и прави така како што се чувствува. Најчесно е да се претстави само песната, а тоа е најтешкиот пат.

поврзани објави

Последни објави