4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ОФИЦИЈАЛНО: По 8 години економска криза, Грција застана на свои нозе!

Грција официјално застана на свои нозе, објави претседателот на Еврогрупата Мариу Сентену.

Многу од грците сепак не се особено воодушевени одвеста за крајот на европската програма за помош.

„Лично јас не гледам надеж за следните години. Еден од пет грци е сеуште без работа, а обештетувањата се скромни. Средниот доход е паднат со повеќе од една третина, додека даноците се покачени. Сепак има и такви кои очекуваат и подобри денови, коментира жителка на Атина.

За да може да добива заеми, грчката влада мораше да воведе низа непопуларни мерки на штедење. Во соработка со Меѓународниот монетарен фонд, Грција од 2010 година доби заеми од повеќе од 260 милијарди евра, што е најголемата програма за помош во глобалната финансиска историја.

Во последните три години, Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ) ѝ обезбеди на земјата 61 милијарда евра. Тоа ѝ помогна на грчката влада да ја реформира проблематичната економија и да ги докапитализира своите банки.

поврзани објави

Последни објави