Познатата водителка беше една од гостите на роденденската прослава на сопственикот на „1ТВ“ , Бојан Јовановски, па по тој повод реши да облече фустан кој многу малку препушта на фантазијата.
Со транспарентен фустан, со отворен грб, во комбинација со сандали на висока потпетица и впечатлив црвен кармин, Лила Стојановска ја откри својата сензуална страна.
Како едно од најпознатите тв лица во Македонија, а и жена која служи за пример, особено кога е стилот во прашање, мораме да признаеме дека транспарентниот фустан од кој атрибутите доаѓаат до израз е смел чекор на кој се одлучила водителката.
Како вас ви се допаѓа изгледот на Лила?
Извор: Женски магазин