4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Од утре поскапа нафта – до каде ќе оди цената на горивата

Овој понеделник регуларно Регулаторна комисија за енергетика ја донесе одлуката за нови цени на бензините. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,28%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 06.08.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 72,50 ден/лит .

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.08.2018 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.08.2018 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,598 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.08.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 33,053 ден/кг. За сметка на трошокот на промет (малопродажна маржа),

поврзани објави

Последни објави