Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност прослчедена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално не се исклучува можноста и за ретка појава на град.
И натаму ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Од утре (вторник) па во следните неколку денови услови за нестабилност ќе има претежно на планините и во оние населени места кој се во близина на планините.
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба.
СЛАВЧО ПОПОСКИ