3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Курц: Бродовите со бегалците треба да бидат запрени, не смеат да влезат во ЕУ!

Во време на спор меѓу Малта и Италија околу прифаќање на бегалците спасени од море, австрискиот канцелар апелираше да не им се дозволи на бродовите со мигранти да стигнат до Европа.

Додека италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини се закани дека мигрантите директно ќе ги врати во Либија, ако други земји-членки на ЕУ не сакаат да ги прифатат, Себастијан Курц се изјасни дека на бродовите кои доаѓаат од Африка да не им се дозволи сидрење во земјите членки на ЕУ.

Во моментов, брод со 177 спасени бегалци чека да добие дозвола за влез на пристаниште.

Италија одбива да го прифати бродот Дичиоти на италијанската крајбрежна стража, наведувајќи дека мигрантите биле спасени од делот на Медитеранот, за кој е одговорна Малта.

Курц, по телефонскиот разговор со премиерот на Малта, Џозеф Мускат пренесе дека постои согласност на бродовите со бегалци да не им се овозможи да стигнат до Европа.

„Овие бродови треба да бидат запрени веќе на надворешната граница на ЕУ и мигрантите да бидат вратени во земјата на потекло или безбедна трета држава на африканско копно“, побара тој.

Курц рече дека со својот малтешки колега дели ист став дека не може секој брод да вплови во ЕУ.

И другите земји-членки на ЕУ, рече тој, не треба да дозволат бродови од Северна Африка да впловат.

ИЗВОР: МКД.МК

поврзани објави

Последни објави