Писмото кое еден маж го напишал за бившиот дечко на својата девојка едноставно ги воодушеви сите жени ширум светот и веднаш стана хит на социјалните мрежи.
„До мажот кој ја пушти да си замине од него. Ти благодарам. Ти благодарам што си замина од нејзиниот живот, што ја остави. Ти благодарам што ми даде шанса да ја сакам, шанса да ја направам среќна, да ја задржам крај себе. Ти благодарам што ја повреди.
Ако не ја повредеше, таа немаше да научи нешто вредно. Ќе се трудам да не ѝ нанесам болка, бидејќи ме боли кога ја гледам кога плаче. Ќе ги правам сите работи кои ти не си знаел да ги правиш, ќе бидам покрај неа кога се чувствува осамена, ќе се грижам да ми биде приоритет и да не мисли дека ми е само една од опциите, ќе ги слушам нејзините приказни, жалењата и приговарањата без оглед на тоа колку се бизарни или вообичаени.
Ќе ѝ го дадам моето време и внимание дури и кога нема да ги бара. Ќе се грижам за девојката која ти не ја ценеше. Ќе ја сакам девојката која ти ја земаше здраво за готово. Ќе направам сè за да ја задржам крај себе.
Ќе ја сакам таква каква што е, ќе ја поддржувам во сè што сака да стане. Ќе бидам партнер каков што ти не можеше да бидеш. Ќе бидам мажот кој никогаш нема да ја направи истата грешка која ја направи ти. Никогаш нема да ја пуштам“, напишал овој заљубен маж.