Мелита сака да биде во центарот на вниманието
Можеби одамна немала некој нов телевизиски проект, но Мелита Ракичевиќ останува една од најозборуваните македонски водителки.
Секогаш интересна за јавноста, Мелита своите обожаватели ги почести со нова фотосесија.
Мелита Ракичевиќ најчесто избира провокативни костими за капење, а тоа можеме да го видиме и од нејзините фотографии што редовно ги објавува на социјалните мрежи. Но она од што многумина се изненадени е тоа што Мелита во изминативе години не само што го промени стајлингот, па сега многу почесто можеме да ја видиме во младешки тренди изданија, туку и нејзиниот физички изглед и лицето и се поприлично изменети од пред неколку години.
Па така наместо да изгледа постаро, таа денес изгледа дури и помладо, а тоа можеме да го видиме и од следниве две фотографии на кои носи многу сличен костим за капење, а меѓу нив има разлика од неколку години.